Премиера на краткиот уметнички филм „Панталоните“
Во КСП Јадро вечерва ќе се одржи премиерата на краткиот уметнички филм „Панталоните“ од мултидисциплинарниот уметник Крсто Глигорјадис.
Во КСП Јадро вечерва ќе се одржи премиерата на краткиот уметнички филм „Панталоните“ од мултидисциплинарниот уметник Крсто Глигорјадис.
Преку ритуалот на облекувањето панталони, овој филм го истражува патот кон преземање лична и колективна одговорност – суштината на човекот потребна на ова општество.
– Во „Панталоните,“ Глигорјадис ги отвора прашањата на машкоста преку истражување на т.н. „breeching“ церемонија од минатото, моментот кога момчињата за првпат облекувале панталони како симбол на влегување во зрелоста и машкоста. Филмот прашува: Што значи да се облечат панталони за првпат? Кој ја предава машкоста? Колку долго трае? Дали постои криза на машкоста денес? Дали чувствуваме срам или страв да бидеме мажи? Овие прашања се дел од поголемата тема за тоа како поединците, преземајќи лична одговорност, може да поттикнат позитивна промена во заедницата, се вели во соопштението за филмот.
Автор и изведувач е Крсто Глигорјадис, ко-автор и директор на фотографија е Стефан Божаров, дизајн на звук е на Ѓорѓи Трпковски, а дизајн на костимографија на Магдалена Таневска.