Премиера на играниот филм „Соучесници“
Во киното „Синеплекс“ вечер од 20 часот премиерно ќе биде прикажан играниот филм „Соучесници“ – копродукција меѓу Србија (Зилион филм), Македонија (Партизанс) и Хрватска (Интер филм). Автор на сценариото е Огњен Обрадовиќ, режисер е Марко Новаковиќ, кинематографер Бојан Ракиќ.

„Соучесници“ е психолошка и социјална драма. Раскажува за идиличниот живот на главните ликови кој нагло се менува по сообраќајна несреќа. Додека се борат да се справат со последиците, ги прогонува совеста, трансформирајќи ја нивната врска и доведувајќи до низа неочекувани настани.

Во главните улоги настапуваат: Невена Неранџиќ и Радован Вујовиќ, Аница Добра, Даница Ристовски, Зоран Цвијановиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Анита Огњановиќ и Јован Белобрковиќ, како и пет актери од регионот: нашата Сара Климоска, Стојан Матавуљ и Хана Јапунџиќ од Хрватска, Факета Салихбеговиќ-Авдагиќ од Босна и Херцеговина и Петар Новаковиќ од Црна Гора.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија, Хрватскиот аудиовизуелен центар.