
Преку УСАИД во Македонија официјално влегле околу 190 милиони евра!? „Специјалци“ на Трамп веќе ја работат истрагата
ТАБУ ТЕМА во Македонија е истрагата која администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, специјалниот пратеник за кризни подрачја Ричард Гренел и федералниот обвинител Марко Де Лука ја спроведуваат колку милиони американски долари се реално и законски пласирани во земјите на Западен Балкан, колку се наменски употребени, но и колку се украдени!?
ТАБУ ТЕМА во Македонија е истрагата која администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, специјалниот пратеник за кризни подрачја Ричард Гренел и федералниот обвинител Марко Де Лука ја спроведуваат колку милиони американски долари се реално и законски пласирани во земјите на Западен Балкан, колку се наменски употребени, но и колку се украдени!? И најважното кои официјални или корумпирани личности се официјални актери или од „сенка“ ги краделе американските даночни обврзници, што не смеело да помине без знаење на националните власти, но и американската комплетна дипломатија како на Балканот така и во Вашингтон?!
Иако, истрагата по наредба на американскиот претседател Трамп сериозно се спроведува, мистерија е утврдувањето на точниот износ на стотиците милиони долари кои биле наменети како американска помош за граѓаните на конкретните држави, но, сигурно е дека огромни суми завршиле во џебовите на националните, но и на американски државни службеници и политичари!?
Во државите на Балканот, според информациите од Вашингтон, влегле : Косово – 537 милиони , БИХ – 402, С. Македонија 290 , Србија 209, Албанија 189, и Црна Гора 77, или, вкупно, 865 милиони долари!
Меѓутоа, евиденцијата на националните влади како и истражителите од САД, официјално соопштуваат дека доаѓаат до различни податоци!? Така, различни податоци се констатираат за БИХ каде не се знае каде се потрошени 250 милиони долари!?.
Официјалните податоци за Македонија се дека се влезени 190, а американските извори соопштуваат 290 милиони долари, што значи дека во старт недостасуваат цели 100 милиони, настрана од познатите 500 милиони за реформа на судството кои уште се мистерија!?
Отворено е и прашањето колку наменски се потрошени парите a колку се украдени и „испрани“ од националните буџети бидејќи во голем дел од проектите се трошеа пари како од УСАИД , така и од македонскиот буџет а Македонија е во самиот светски врв според степенот на корупција и криминал, особено во државната администрација, судовите и обвинителствата!?
Прво и најголемо отворено прашање и проблем во истрагата секако ќе биде корупцијата и организираниот криминал во Македонија, како и корупцијата до највисоките ниво на властта !?
Најсилен аргумент за ова сериозно тврдење на „Insider Macedonija / Инсајдер Македонија“ се фактите дека најголемите и финансиски најтешки афери и истрагите последниве години , дури и судските процеси кои во основа се поврзани со проневери и кражби на стотици илјади и милиони евра, како, „Онкологија“, „Пуцко Петрол“, „Рашковски“, . . . и многу други се заглавени во истрага, не се дојдени до судење или се вратени на повторни судења .
Овие криминални предмети со месеци и години се закочени и се веќе со изгубен политички институционален интегритет бидејќи Собранието на дел од судиите им има изгласано интерпелации или се пред интерпелации и сомненија за организиран криминал, што од друга страна е ставено во мирување поради претстојните локални избори што е политичка глупост и криминална стапица и обид многу од оние кај кои завршиле американските милиони долари да поминат како недостапни доларски и политички профитери чиј криминал ќе го плаќаат сите граѓани на Македонија и Америка!
Овде суштинско прашање за американските истражители кои ги предводат Мартин Де Лука и Ричард Гренел е дали крајната цел е да се утврдат проневерите и кражбата на милионите од УСАИД, виновниците да се казнат во законска постапка а парите и имотот стекнат со криминал да се вратат, при што најважна е соработката меѓу американските тимови и националните власти на „осомничените“ државни администрации и политичари на Балканот!?
Според новинарските истражувања на „Insider Macedonija / Инсајдер Македонија“ поткрепени со документи повеќе години наназад, не помал проблем ќе биде и реалната состојба да се утврдат сите учесници во проневерите и организираниот криминал не само со фондовите на УСАИД, туку и од македонскиот централен и локални буџети, што во американско- македонските односи создава прилично комплицирани релации на финансиски, но и на политичко државен план од аспект на Балканот, но и сложените и кризни состојби во ЕУ кои допрва се вжештуваат поради фактот дека многу не докрај дефинирани криминални афери се поврзани и со фондовите кои се делеле во Брисел!?
А во основата и суштината на секоја криза се токму финансиите и чувството на навреденост дека некој сметал дека може некого да краде и уште за да го направи губитник за да му го урива политичкиот личен и национален авторитет!!!