Балкански центар за конструктивни политики „Солуција“. Ова e името на новото политичко движење или невладина организација на поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
Тој за тв21 најави дека наскоро ќе ги објави своите планови на македонската политичка сцена.
„Сум работел со речиси сите и со сите сум се разишол. И мислам дека е тоа здраво оти човек кога верува дека се фатиле кривини и дека не се оди по вистинскиот пат, многу е поздраво да се држи до своето убедување и до својата совест отколку да вика магарето лета. Оти од викање лета ли магарето, лета магарето, стигнавме до ова дереџе. Јас во блиска иднина ќе ѝ обзнанам на јавноста во каква форма ќе делувам. Да видиме колку граѓани има што сакаат во оваа држава да има ред и колку граѓани има што сакаат законот, системот да важи на целата територија и да биде еднаков кон секој граѓанин“, изјави Димитров.
Како дел од „Солуција“ засега се споменуваат неколку новинарски имиња од Македонија.
Димитров беше министер за надворешни работи, а по изборите во 2020 беше вицепремиер за европски прашања.
Без функција е од јануари 2022 година.