
Прекршочна постапка за струшкиот градоначалник поради неистакнување на државното знаме
Според пријавата, на настан организиран по повод Денот на албанското знаме, одржан на 28 ноември 2025 година на улицата „Маршал Тито“ во Струга, организаторите не го поставиле државното знаме на Република Северна Македонија – ниту на бината, ниту на дел од кејовите на реката Црн Дрим.
ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Општина Струга и против одговорното лице М.Ќ. (65) од струшкото село Биџево, поради непочитување на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Северна Македонија.
Според пријавата, на настан организиран по повод Денот на албанското знаме, одржан на 28 ноември 2025 година на улицата „Маршал Тито“ во Струга, организаторите не го поставиле државното знаме на Република Северна Македонија – ниту на бината, ниту на дел од кејовите на реката Црн Дрим.
Со тоа, како што наведува полицијата, сторен е прекршок спротивно на член 6 од Законот, казнив по член 11, бидејќи организаторите биле законски обврзани да го истакнат државното знаме заедно со знамињата на заедниците.