Министерството за одбрана на Русија прогласи прекин на огнот со цел да се овозможи евакуација на цивилите од Мариупол. Хуманитарниот коридор од Мариупол до Запорожје преку пристаништето Бердјанск ќе биде отворен во 10 часот по локално време.
„За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме таа да биде спроведена со директно учество на Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Меѓународниот комитет на Црвениот крст“ – се наведува во соопштението на руското Министерството за одбрана.
Исто така се додава дека е договорено Киев да се отворат четири нови хуманитарни коридори од Мариупол до Запорожје.