
Заедничкиот час на студентите на УКИМ беше прекинат откако на неколку студенти им се слошило за што била неопходна и интервенција на брза помош.
Ова се случи само неколку минути откако на настанот започна обраќањето на ректорката на УКИМ како и на министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Јаневска продолжи да говори, но студентите почнаа да ја исвиркуваат, велејќи дека на вакви настани не е место каде се собираат политички поени.
Заедничкиот час започна со седумминутен молк точно напладне на собирот на студентите и учениците од средните скопски училишта пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, во знак на почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.
Дождот не ги спречи студентите во колони да пристигнат на платото пред факултетите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје и набргу се собраа неколку илјади.