
Прекината е блокадата на РТС
Блокадата на јавниот медиумски сервис во Србија - РТС е завршена, објавија на социјални мрежи студентите на Факултетот за драмски уметности. Блокадата на РТС е завршена по четиринаесет дена, јави дописникот на МИА од Белград.
Блокадата на јавниот медиумски сервис во Србија – РТС е завршена, објавија на социјални мрежи студентите на Факултетот за драмски уметности. Блокадата на РТС е завршена по четиринаесет дена, јави дописникот на МИА од Белград.
„Објавен е нов конкурс за Советот на РЕМ. Со тоа, блокадата на РТС е завршена, по 14 дена. Ќебапчилницата повторно работи“, објавија студентите на ФДУ во блокада.
Нов конкурс беше објавен попладнево за избор на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми – РЕМ од страна на Одборот за култура и информации во српскиот Парламент.
Петнаесет од 16 пратеници беа „за“. Претходно, стариот конкурс за избор на членови на Советот на РЕМ беше едногласно поништен.
Објавувањето нов конкурс за избор на членови на Советот на РЕМ беше барање на студентите, со цел да се прекине блокадата на зградите на РТС во Белград.