
Пред „Пулс“ се поставени 63 срциња со имињата на жртвите, под нив цвеќиња во знак на почит и сеќавање
Со низа настани денеска се одбележува годишнината од трагедијата што ја потресе јавноста и одзеде десетици млади животи. Граѓани, семејства на жртвите и пријатели се собираат пред местото на несреќата за да им оддадат почит на загинатите.
Пред објектот „Пулс“ во Кочани се поставени 63 срца со имињата на жртвите од трагедијата, а под нив се оставени цвеќиња во знак на почит, сеќавање и тага за изгубените животи.
Со низа настани денеска се одбележува годишнината од трагедијата што ја потресе јавноста и одзеде десетици млади животи. Граѓани, семејства на жртвите и пријатели се собираат пред местото на несреќата за да им оддадат почит на загинатите.
Поставувањето на срцата со имињата на жртвите претставува симболично потсетување на 63-те згаснати животи и порака дека споменот за нив ќе остане жив, објави Скопје1.мк.