Пред инаугурацијата на Трамп, Бајден да се повлече за Харис да стане првата жена претседател на САД
Поранешниот директор за комуникации на американскиот потпретседател Камала Харис, Џамал Симонс, на панел на Си-Ен-Ен рече дека американскиот претседател Џозеф Бајден треба да се повлече за да и дозволи на Харис да стане првата жена претседател на САД.
Поранешниот директор за комуникации на американската потпретседателката Камала Харис, Џамал Симонс изјави дека претседателот Џо Бајден треба да и ја отстапи функцијата на Харис, со што таа ќе стане прва жена претседателка на САД.
– Џозеф Бајден беше феноменален претседател, тој исполни многу од ветувањата што ги даде. Остана уште едно ветување што би можел да го исполни – да биде преодна фигура, истакна Симонс на панел на Си-ен-ен (CCN).
Тој додаде дека Бајден во следните 30 дена може да поднесе оставка од функцијата претседател и да ја постави Харис за претседателка на САД.
– Тоа прашање е под контрола на Џо Бајден. Ако го направи тоа, ќе го исполни своето последно ветување и ќе му даде шанса на Камала Харис да биде 47. претседател на САД, посочи Симонс.
Неговите коментари уследија откако коментатор на Си-ен-ен предложи судијката Соња Сотомајор да се повлече за Бајден да ја замени со Харис пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари.