
Предизборни „Потемкинови села“ на власта или вистинска намера да се прават штети на државата?
Читајќи низ законите дознаваме дека за да додели Владата земјиште за ветерен парк мора да објави јавен повик, тендер и да има електронско наддавање. Единствен исклучок, преку склучување договор со непосредна спогодба, е дозволен ако се работи за голема инвестиција од над 100 милиони евра. Во таков случај мора да се примени Законот за стратешки инвестиции, при што одлучува Собранието. Тој пат се обиде да го помине претходната Влада за ПАХЕ Чебрен и гасната централа на Митилинеос, но не успеа. Во случајот со Алказар Енерџи, ниту бил објавен јавен повик, ниту Собранието расправало за ветерниот парк, па според тоа не можело ни да се додели земјиште, ни да се издаде дозвола за градба. Возможно е она церемонијално полагање камен-темелник (на рамна ледина, наместо на рид) да било само обична предизборна претстава. Локалните избори се веќе распишани, па во следните два и пол месеци - иако ќе има многу фалење и лажење - нема да смеат да се потпишуваат никакви големи договори за инвестиции, не само за ветерниот парк, туку ни за брзата пруга, како ни за гасните централи на „Казанџи груп“.
Читајќи низ законите дознаваме дека за да додели Владата земјиште за ветерен парк мора да објави јавен повик, тендер и да има електронско наддавање. Единствен исклучок, преку склучување договор со непосредна спогодба, е дозволен ако се работи за голема инвестиција од над 100 милиони евра. Во таков случај мора да се примени Законот за стратешки инвестиции, при што одлучува Собранието.
Тој пат се обиде да го помине претходната Влада за ПАХЕ Чебрен и гасната централа на Митилинеос, но не успеа.
Во случајот со Алказар Енерџи, ниту бил објавен јавен повик, ниту Собранието расправало за ветерниот парк, па според тоа не можело ни да се додели земјиште, ни да се издаде дозвола за градба. Возможно е она церемонијално полагање камен-темелник (на рамна ледина, наместо на рид) да било само обична предизборна претстава. Локалните избори се веќе распишани, па во следните два и пол месеци – иако ќе има многу фалење и лажење – нема да смеат да се потпишуваат никакви големи договори за инвестиции, не само за ветерниот парк, туку ни за брзата пруга, како ни за гасните централи на „Казанџи груп“.
Патем, последниве неколку недели не слушаме ништо за наводниот кредит за брзата пруга. Наводно ќе размислувале и анализирале до септември, па потоа ќе одлучеле. А врз основа на што ќе одлучуваат, врз основа на обични писма за намери од банките, бидејќи не е позната ниту цената, ниту изведувачот, па ниту точната траса на пругата. Сето тоа морало да биде познато, да се пополнат стотици страници формулари за странските банки (due diligence questionnaires), банките да понуделе услови, па потоа да се избере банка-кредитор.
Прилично веројатно е дека за пругата после изборите нема повеќе ни да слушнеме. Проектот е толку налудничав и штетен, што просто е неверојатно како можеле и да помислат на такво нешто. Впрочем, денеска медиумите пренесоа дека главниот транспортен коридор од ЕУ кон Грција, Виа Карпатија, ќе поминува низ Романија и Бугарија, а не преку Србија и Македонија. Ако досега не се откажале, нека го земат и ова во предвид, иако истото го кажав уште пред два месеци.
Во врска со ветропаркот, досега видове дека Македонија губи по сите основи, освен минималната корист од вработувањата во текот на изградбата, иако 600 вработувања се претеран број. Единствената корист се сведува на наплата на данок на добивка. Но, колкав ќе биде тој данок? При годишни приходи од околу 83 милиони евра, по одземањето на 17% оперативни трошоци, но и голема амортизација (којашто иако не претставува готовинси одлив, сепак претставува сметководствен трошок, што ја намалува добивката), реално е основицата за оданочување да изнесува околу 20% од приходите. На пример, фотонапонските централи годинава постигнале околу 23%.
Така се добива даночна основица на Алказар Енерџи Македонија (добивка пред оданочување) од 16,6 милиони евра, за што државата може да наплати само 1,66 милиони евра. Од закупнина за земјиштето државата би добила одвај околу 24 илјади евра годишно, а за излезно ДДВ не би наплатила ништо, доколку електричната енергија се извезува. Дури би морала да им го врати на Алказар Енерџи Македонија и влезното ДДВ, за цементот и бетонското железо, односно би направиле од готово – вересија. После отворањето на ветропаркот, во него би работеле само десетина постојано вработени лица, што е симболичен број. Истите вработувања би постоеле и ако државата сама инвестирала, така што тука нема екстра придобивка.
Останува главното прашање: како се осмелуваат да раскрчмат 345 хектари ридско земјиште, најповолно за изградба на ветерни централи во земјата и со тоа да ја лишат државата од сопствен ветерен парк, при тоа за возврат не добивајќи речиси ништо (поточно само 1,66 милиони евра данок на добивка, 24 илјади евра закупнина и десетина вработувања)? Сето тоа без јавен повик, тендер или расправа во Собранието според Законот за стратешки инвестиции.
Можни се неколку причини. Прво, веруваат дека ќе останат доволно долго на власт и никој нема да може да отвори никаква истрага за злоупотребите. Второ, казните по чл. 353 од КЗ, за злоупотреба на службената положба и овластување се максимално намалени (до 3 години затвор), а рокот за застарување е скратен на само 6 години. Доколку навистина останат на власт два мандати, сите овие криминали ќе застарат, а виновниците ќе се извлечат неказнето. Трето, можно е државниот обвинител да биде сменет и заменет со друг, лојален на власта, што ќе затвора очи пред секаков криминал на власта. Впрочем, затоа и сакаат да го сменат, иако и сегашниот не презема ништо. Четврто, можно е да се работи за вкалкулиран ризик, одосно утре да одговара само некое жртвено јаре, некој нов „Миле ми текна“.
Држава што самата си ги врзува рацете за да се оштетува и што ги лаже своите граѓани, не може да има напредок. Затоа никој не треба да се чуди зошто пропаѓаме и не можеме да направиме економско чудо, како што направила на пример Полска. Откажувајќи се од самостојно инвестирање во профитабилните проекти за ветерен парк и гасни централи, а задолжувајќи се во загубарски проект за брза пруга, Македонија се лишува од добивка или си предизвикува чиста загуба од десетина милијарди евра во наредните 30 години. Тука не ги земаме во предвид автопатот на Бехтел и Енка, огромните идни трошоци за воружување и зголемување на пензиите на товар на буџетот. Сето тоа ќе ни донесе уште многу милијарди нов долг, од што нема да можеме да кренеме глава.
Сите коишто гласаат за вакви власти (сегашната, но и претходната) треба да бидат свесни дека самите ги предизвикуваат овие штети, иако веројатно и не се свесни за тоа. Ете затоа не можеме да бидеме втора Полска или макар Естонија. Со вакви политичари, кои на секој чекор ни прават штети и од кои не можеме да се довардиме, нема да стигнеме никаде. Ќе не претркаат и африканските земји, кои се кренале против неоколонијализмот и започнале самите да ги користат сопствените државни ресурси, за добробит на сопствените народи. Кај нас таква свест, совест, патриотизам и чувство за државност не постојат.
Фејсбук Статус на Универзитетскиот професор Дејан Трајковски