
Предвремените претседателски избори во РС ќе бидат распишани најдоцна следната седмица
Предвремените претседателски избори во Република Српска најверојатно ќе бидат распишани во текот на оваа или најдоцна следната седмица, објавија медиумите во Босна и Херцеговина.
Предвремените претседателски избори во Република Српска најверојатно ќе бидат распишани во текот на оваа или најдоцна следната седмица, објавија медиумите во Босна и Херцеговина.
Повикот е испратен врз основа на одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ од 6 август 2025 година, со која е утврден престанокот на мандатот на Додик.
Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ на 6 август утврди престанок на мандатот на претседателот на РС, Милорад Додик. Мандатот му е одземен поради правосилна судска пресуда за неизвршување на одлуките на високиот меѓународен претставник во БиХ. Во јули тој беше осуден на една година затвор, што ја откупи со уплата од 18.700 евра (36.500 КМ), како и на шестгодишна забрана за политичко дејствување. Според пресудата, од 12 јуни тој ја изгуби функцијата претседател на РС.
ЦИК на БиХ треба да распише предвремени избори во рок од 90 дена по смената на Додик.
Претседателот на парламентарната група на опозициската Партија за демократски напредок (ПДП), Игор Црнадак, изјави дека очекува многу брзо да се донесе одлука за предвремени избори.
– Изборите најверојатно ќе бидат распишани оваа недела, по што ние, како опозиција, ќе покажеме од што сме создадени, дали сме алтернатива на ова лудило, дали сме сила што може да води, да решава проблеми и да ја врати надежта и оптимизмот кај луѓето од РС, објави Црнадак на Фејсбук.
Новиот претседател на РС би бил избран за периодот до октомври 2026 година, за кога се планирани редовни општи избори.
Додик, кој одбива да ја напушти својата канцеларија во Бања Лука и не ја признава одлуката на ЦИК со која му се одзеде мандатот, постојано се заканува дека нема да дозволи избори за негов наследник, а воедно ги повика партиите да не учествуваат на избори.
Новиот претседател на РС би бил избран за периодот до октомври 2026 година, за кога се планирани редовни општи избори.