Преговори, „прва рунда“ – двете делегации се вратија на консултации
Официјалните делегации на Русија и Украина се враќаат во своите главни градови на консултации, откако денеска беше одржан прв круг од преговорите за прекин на конфликтот.
Москва и Киев планираат „втор круг“ разговори за конфликтот, тоа го потврди за западните медиуми, член на украинската делегација.
Украинската делегација ја предводи министерот за одбрана – Алексеј Резников, и во неа се и лидерот на партијата Слугата на народот – Давид Арахамија, шефот на украинската трилатерална контакт група – Андреј Костин, пратеникот – Рустем Умеров и заменик министерот за надворешни работи – Николај Точицки.
Руската делегација ја предводи советникот на шефот на државата – Владимир Медински, а во неа се и заменик министерот за надворешни работи – Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана – Александар Фомин и претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на руската Дума – Леонид Слуцки.
Делегациите на Русија и Украина денеска се сретнаа во белорускиот пограничен град Гомел.