Преговорите за влез Алијансата за Албанците во владината коалиција се при крај

Договорот меѓу Таравари и Ковачевски ако биде одобрен од ДУИ, Гаши има единствена опција – да остане во Владата.

Ова е пленот на АА на Арбен Таравари од преговорите за влегување во владата на СДСМ и на ДУИ, тврди ТВ21. Денеска Ковачевски потврди дека разговорите со Алијанса „во добар дух и во атмосфера насочена кон постигнување договор“ се приведуваат кон крајот.

– Верувам дека денеска или утре договорот ќе биде конечно финализиран и тогаш официјално ќе го објавиме. Мислам дека договорот треба да биде целосно завршен за потоа да го презентираме. Сметам дека би било некоректно да кажеме нешто, а утре да се промени – изјави Таравари. Тој околу распределбата на функционерските места и министерски ресори, лидерот на Алијансата за Албанците напомена дека за тоа сè уште разговара, па затоа, како што нагласи, не би било коректно да зборува околу тоа во овој момент.