Прегази дете во Чаир, го остави „голфот“ и побегна – полицијата го најде и го уапси 65-годишниот возач

Имено, денеска во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на ул. „Џон Кенеди”, ул. „Максут Садик” и ул. „Македонска бригада” патничко возило „голф” со скопски регистарски таблички удрило во дете – пешак.

МВР информира дека денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(65) поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.

Имено, денеска во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на ул. „Џон Кенеди”, ул. „Максут Садик” и ул. „Македонска бригада” патничко возило „голф” со скопски регистарски таблички удрило во дете – пешак.

Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнаа на местото на настанот при што е констатирано дека лицето кое управувало со возилото го оставило возилото и се оддалечило од местото на настанот.

По преземени оперативно тактички мерки лицето е пронајдено во непосредна близина и истото лишено од слобода.

Повреденото дете поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза” за укажување на помош каде му се констатирани тешки телесни повреди и истото е задржано на интензивна нега.

По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.