Прегазен е маж на скопска обиколница, починал на лице место

Автомобил прегазил пешак синоќа на скопската обиколница.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила во близина на клучката Радишани, кога „мерцедес“ со скопски регистрации управуван од Е.С.(28) од Скопје, удрил во К.П.(68) од Скопје.

Во несреќата, на лице место починал пешакот, а смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот и истиот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид од Јавен обвинител.