
МВР информира дека вчера попладне во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник за Раштански пат, патничко возило удрило во пешак, 80-годишната Р.И. од Скопје и го напуштило местото.
„Од здобиените повреди на местото на несреќата Р.И. починала, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош“, додаваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.