Превртен автомобил на патот Штип – Кочани, возачот е повреден

Сообраќајна несреќа, што се случила утрово во 07:40 часот, е причина поради која сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според информациите што ги пренесува штипската телевизија ТВ Стар, станува збор за превртен автомобил „сеат леон“ со кочански регистарски таблички.

Во несреќата нема жртви, а возачот на автомобилот се здобил со повреди.