Прв час по македонски јазик за децата во Шпанија

Денеска во Шпанија се одбележа историски настан за македонската заедница: беше реализирана првата детска работилница по македонски јазик во организација на Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“.

Денеска во Шпанија се одбележа историски настан за македонската заедница: беше реализирана првата детска работилница по македонски јазик во организација на Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“.

Активноста се одвиваше во Општинската библиотека во Мадрид во празнично и емотивно опкружување, со присуство на Македонците кои живеат во Мадрид.

Настанот го отвори претседателката на здружението Оливера Лазаровска Санчез, која ја истакна важноста на оваа иницијатива како пресвртница во културниот и образовниот живот на македонската дијаспора во Шпанија. Таа истакна дека овој прв час претставува „почеток на патот што ќе им овозможи на новите генерации да ги задржат живи својот јазик, култура и идентитет“.

На настанот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Шпанија, неговата Екселенција Едмонд Адеми, кој им посака успешен прв час на децата. Амбасадорот ја истакна важноста од зачувувањето на мајчиниот јазик уште од детството и истакна дека настанот се поклопува со значајниот датум за македонскиот народ, 5 мај, денот кога се одбележуваат 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик.

Иницијативата беше примена со ентузијазам од целата македонска дијаспора во Шпанија, означувајќи го почетокот на образовниот проект ,,Учиме македонски во Шпанија ” кој се стреми да се развива во континуитет во наредните години.