Прв случај на сојот Омикрон на вирусот Ковид 19 денеска е детектиран во Македонија, информираат од МЗ. Анализите биле направени во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија.
„Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид 19 има од пред два дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон“ – соопштија од МЗ.
Пациентот, според инфрмациите, има лесна клиничка слика и се лекува во изолација, во својот дом.