Прв случај на мајмунски сипаници во Европа, во Шведска

Шведската агенција за јавно здравство го забележала, како што објави, првиот случај на новата заразна варијанта на мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент.

Лицето, се наведува во соопштението, се заразило на подрачјето на Африка, каде моментно им голема епидемија на мпокс Клејд I.

Веста доаѓа по само неколку часа, откако Светската здравствена организација (СЗО), по вторпат во две години ги прогласи мајмунските сипаници за светска јавно здравствена криза по проширување на заразната болест од Демократска Република Конго во соседните земји.

Мајмунските сипаници може да се шират преку блиски контакти.

Во ретки случаи се смртоносни, а главно се благи. Предизвикуваат симптоми налик на грип и гнојни лезии по телото.