Прв пат во историјата натпревар од Серија А ќе се игра во Австралија

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) даде зелено светло прволигашкиот натпревар меѓу Милан и Комо да се игра во Австралија, што ќе биде првпат во историјата дуел од Серија А да биде преместен надвор од Италија.

„Советот на ФИГЦ даде позитивно мислење за барањето на италијанската лига, натпреварот Милан-Комо да се игра во Перт“, се наведува во соопштението.
Сепак, за оваа одлука да стане официјална, потребно е одобрение од Фудбалската асоцијација на Австралија, УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација и ФИФА.

Натпреварот, кој ќе се игра како дел од 24 коло од новата сезона во Серија А закажан за почетокот на февруари, не може да се игра на стадионот „Сан Сиро“, кој на 6 февруари идната година ќе биде домаќин на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.