Прв лет Скопје – Мадрид

Првиот лет ќе се реализира попладне во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје, каде ќе се одржи настан по тој повод во присуство на вицепремиерот Александар Николовски, претставници на Амбасадата на Шпанија во државава и на ТАВ Македонија.

Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“.

Првиот лет ќе се реализира попладне во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје, каде по тој повод прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија Рафаел Сориано Ортиз, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Летовите од Скопје до Мадрид ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота.

Од скопскиот аеродром од денеска повторно се лета до Ларнака и ќе има летови секој вторник и сабота.

Скопје вчера се поврза авионски со Стокхолм и Бари, а Охрид со Базел.

Летовите ги реализира „Виз Ер“ со субвенции од Владата.