Прв ден од годината: ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичарницата кон Водно ќе работи

Денеска, понеделник (1.01.2024 год) јавниот превоз во Скопје ќе функционира по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

Од ЈСП притоа додаваат дека билетарницие и центрите за персонализација нема да работат

Од вторник (2.01.2024 год) јавниот превоз и сите услужни центри на ЈСП ќе продолжат да функционираат вообичаено, притоа возниот ред ќе биде редуциран и ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Жичарницата денеска ќе работи од 11 до 17 часот.