
Прво и второ место за учениците од СТЕМ Академија на Олимпијадата по роботика на грчкиот остров Крит
Со едно прво и едно второ место, учениците од Академијата СТЕМ, се враќаат од Олимпијадата за роботски спортови - Minoan Robotsports Competition Global Olympiad, што од 3 до 6 април се одржува на грчкиот остров Крит.
Со едно прво и едно второ место, учениците од Академијата СТЕМ, се враќаат од Олимпијадата за роботски спортови – Minoan Robotsports Competition Global Olympiad, што од 3 до 6 април се одржува на грчкиот остров Крит.

Учениците Павел Попоски, Анастасија Дудеска, Јаков Петков, Андреј Спасевски, Стефан Пешов, Матеа Андонова, Глигор Дединец и Петар Копачев поделени во три тима: SPACE WALKERS (на возраст од 13 до 18 години), SPACE WALKERS JR (од 13 до 18 години) и SPACE WALKERS ALFA (на возраст до 12 години) настапија во најтешката дисциплина – Pentathlon Arena.
SPACE WALKERS беа први во нивната категорија, SPACE WALKERS JR се пласираа на петтата позиција, додека пак најмладите SPACE WALKERS ALFA, завршја на второто место во категоријата на возраст до 12 години.
Pentathlon Arena е најпредизвикувачката дисциплина на Олимпијадата, каде што роботите се самостојно дизајнирани, самостојно изградени и самостојно програмирани од самите ученици.

Во оваа дисциплина роботите мора целосно автономно, без никаква интервенција од тимовите, во рок од четири минути да извршат серија комплексни задачи со висока прецизност и сигурност.
Македонија и оваа година имаше силно претставување на една од најпрестижните светски олимпијади за роботски спортови, учениците ќе се натпреваруваат во најсложените дисциплини на ова глобално натпреварување, на кое ќе земат учество речиси 1.500 тима од над 40 држави од целиот свет.
Ментори на тимовите се Александра Митревска и Жарко Поп-Илиев.
Од истата Олимпијада во 2024 и 2025 година тимовите на Академијата СТЕМ се вратија со извонредни резултати.
Лани ги освоија првото, второто и третото место во категоријата петобој арена, а пред две години се пласираа на првото и на второто место.