Првото родено бебе за 2024-та се родило 10 секунди по полноќ, па Меџити „добил кладба“

Првото родено бебе го носи името Алек, а мајката Наташа долго време го чекала овој пород. Само 10 секунди по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје веќе се роди првото дете кое е машко.

Министерот Меџити заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска тие ја посетија клиниката утрово каде ги соопштија деталите за првото бебе како што е традицијата веќе години наназад.

Станува збор за здраво машко дете, тешко 3760 грама и долго 52 сантиметри. Му посакувам многу здравје, среќа и безгрижно детство а на родителите им упатувам искрени честитки за приновата во семејството. На граѓаните им ја честитам новата година и им посакувам добро здравје и успеси, изјави Меџити.

Меџити додаде дека „се кладел“ дека првото бебе ќе е машко, а вака погодил.

При крајот на работниот ден во петокот, во кабинетот во опуштена атмосфера се кладев дека првороденото бебе ќе биде машко и се исполни, рече министерот.

Министерката Јованка Тренчевска пак, упати честитки до фамилијата.

-Им честитам на мајката и таткото Стефановски. Нека им е живо и здраво, да има среќно детство и тие да бидат среќни родители, со оглед на тоа што ова им е прва рожба во фамилијата – истакна Тренчевска.

Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство објавија дека 34-годишната Наташа Стефковска од Скопје го родила бебето по природен пат.