Први резултати од денешните претседателски избори во Турција: Ердоган убедливо води!

Актуелниот претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган убедливо води во вториот круг од претседателските избори и врз основа на 61,38 отсто преброени гласачки кутии има 55,26 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 44,74 отсто, пишуваат локалните медиуми.

Според податоците на Државната изборна комисија, на изборите учествувале 84,93 отсто од запишаните избирачи, а во вториот круг право на глас имале дополнителни 47.523 лица кои во меѓувреме наполниле 18 години.

Ердоган го следи пребројувањето на гласовите од Истанбул, а во Анкара се очекува да пристигне по 18 часот.

Во првиот круг од изборите, одржан на 14 мај, Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, а Киличдароглу 44,89 отсто.

Народната алијанса на Ердоган, предводена од владејачката Партија на правдата и развојот, во првиот круг освои мнозинство во државниот парламент.