Првите камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа само неколку минути по стапувањето во сила на примирјето договорено меѓу Израел и Хамас, објави денеска претставник на ОН за палестинските територии на социјалната мрежа „Х“.
-Примирјето конечно стапи на сила во Газа денеска во 11:15 часот (по локално време). Првите камиони за снабдување почнаа да влегуваат само 15 минути подоцна, напиша Џонатан, привремен шеф на ОН Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања (OCHA) за окупираните палестински територии.
Претходно Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) објави дека околу 4.000 камиони со хуманитарна помош се подготвени да влезат во Газа, а половина од пратките содржат основни прехранбени производи и брашно.