Првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов е 38-ми најбогат човек во регионот

Првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов е рангиран на 38-то место во регионот според богатството.

На листата од 100-те најбогати лица во регионот што ја состави српскиот весник „Недељник“, Мукаетов со проценети над 650 милиони евра капитал се најде на 38-то место на листата милионери од регионот.

Листата од 100 најбогати е составена во соработка со медиуми од регионот, како и со две њујоршки консултантски куќи. Рангирањето не е создадено според пари кои ги имаат богатите, туку според вредноста на нивниот капитал и проценетата вредност при евентуална продажба, нагласуваат од „Недељник“.

Во овој дел од листата на 100 најбогати во регионот, доминираат бизнисмени од Хрватска и Србија, но има и една бизнис империја од БиХ, семејството Хастор.