Пленумот на Врховниот судски совет на Бугарија вчера не изгласал смена на главниот обвинител – Иван Гешев. За останување на Гешев на функцијата гласале 16 члена, а против биле двајца.
Ова се случува првпат во Бугарија, обид за отповикување на главен обвинител.
Смената на Гешев е побарана по 2,5 години од неговиот седумгодишен мандат. Министерката за правда Надежда Јорданова изнела многу обвинувања против Гешев.
За поддршка на главниот обвинител на Бугарија гласале претставниците на обвинителскиот колегиум и дел од членовите на судската квота, што се дел од монолитното мнозинство во Врховниот судски совет.
Причина за барањето за смена на главниот обвинител Гешев од функцијата беше неговата наредба за објавување информации за одредени постапки од јавен интерес.