Првиот ден регистрирани 500 прекршоци, Тошковски прогласи успешен старт на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на компјутерскиот центар на „Безбеден град“ во СВР Скопје каде денеска и официјално стартуваше проектот „Безбеден град“ за евиденција на прекршоците во сообраќајот.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на компјутерскиот центар на „Безбеден град“ во СВР Скопје каде денеска и официјално стартуваше проектот „Безбеден град“ за евиденција на прекршоците во сообраќајот.

Тошковски истакна дека проектот има успешен старт и дека се одвива според планираните параметри.

„Денес сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот бидејќи Вие сте тие коишто овозможивте драстично да се намали бројката за два месеци, некаде од над 120.000 на 500 прекршоци. Вие сте тие којшто го намаливте бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни некаде околу 35% на територија на СВР Скопје и Вие сте тие којшто го намаливте бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди од 11 на 4, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот за внатрешни работи рече дека со имплементирањето на овој проект и неговото официјално пуштање во употреба, за неколку часа покажуваме дека сме можеле европските вредности да ги имплементираме во Македонија и сме можеле да покажеме еден поинаков пристап, за разлика од претходно.