Власта со изборот на двајца уставни судии, без завршена процедура во Комисијата за избори и именувања, Уставниот суд го прави неуставен реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Бараат точката да биде симната од седница, но најавуваат и интерпелации и пријави за претседателката на Комисијата која достави предлог за избор на Тања Бојаџиева и Фатмир Скендер за уставни судии, иако не е завршена дебатата по последниот кандидат републичкиот обивнител Јовески да биде уставен судија.
Не е проблем на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група што некој 11 или 12 месеци не работел по таа седница. Дополнително самата точка е одлука за избор на три уставни судии. Ние имаме девет предлози, дел од тие се разгледани и за дел од нив е гласано, меѓутоа предлогот на крај во целина се гласа и таквиот извештај се доставува до Собрание. Вака поделено, ниту е завршена работата, ниту може да дојде во оваа ситуација…Завршено е и со Деловникот и со Етичкиот кодекс ако помине ваквиот избор на уставни судии, изјави Мицевски.
За власта пак, и покрај тоа што Комисијата не ја има завршено работата по сите кандидати, велат нема да дзоволат устава криза.
Ако на опозицијата е цел да ја донесе земјата во уставна криза тоа нема да го дозволиме. Нека поднесат пријави. Ова е во рамките на процедурата, излегуваме во пресрет да не се создаде уставна криза. Не се гласа во пакет за сите судии, туку се гласа поединечно за секој предлог. Нема логика во Комисијата да заврши дебатата за сите, за тие да одат во пакет на пленарка
Од друга страна, власта и опозицијата се усогласија за измените на законот за здруженија, што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, но и за измените во законот за политички партии, што ги предложи СДСМ. Со двата закона се предвидува дека и граѓанските здружеија, но и политичките партии во своите имиња, статути и делување не смее да содржат фашистички идеи или да користат негативни историски личности поврзани со овој период.
Изборот на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, иако е ставен на седница, ќе почека веројатно до крајот на оваа недела поради службени обврски на премиерот Ковачевски.