Пратениците доцна попладне го усвоија дневниот ред: Мнозинството апелира да не се дозволи нефункционалност на Уставен, опозицијата обвинува за преседан

На расправата по првиот предог Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија, опозицијата најмногу критики упати кон претседателката на комисијата за избор и именувања, Марија Георгиевска која побара од спикерот Џафери гласањето на двајцата предложени уставни судии да биде ставено на пленарна седница. Пратениците од опозицијата посочија дека таа и Џафери многу скоро „ќе се соочат со кривична одговорност“.

Откако речиси цели два дена пратениците не успеаја да го утврдат дневниот ред за 88. пленарна седница којашто требаше да започне вчера во 11 часот, доцна попладнево беше усвоен дневниот ред, чија прва точка беше изборот на нов министер за локална самоуправа. Дебатата по првата точка од дневниот ред воопшто не започна зашто нејзиниот предлагач, премиерот Димитар Ковачевски не беше присутен на седницата поради неговото патување во Абу Даби.

„Имајќи предвид фактот што предлагачот за првата точка од протоколарни причини е надвор со службена белешка не може да се отвори дебата“, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.

Пратениците потоа ја започнаа расправата по втората точка од дневниот ред – предлог за избор на уставни судии. На расправата по првиот предог Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија, опозицијата најмногу критики упати кон претседателката на комисијата за избор и именувања, Марија Георгиевска која побара од спикерот Џафери гласањето на двајцата предложени уставни судии да биде ставено на пленарна седница.

Пратениците од опозицијата посочија дека таа и Џафери многу скоро „ќе се соочат со кривична одговорност“.