Пратениците денес гласаат за козметичката измена околу учеството на независните

Овој предлог практично само ја заобиколува одлуката на Уставниот суд и ја покажува намерата на етаблираните партии да го минираат учеството на независните на изборите.

Собранието за денеска закажа седница на чиј дневен ред единствена точка се измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои, меѓудругото, го регулираат учеството на независните кандидати на претстојните локални избори.

Наместо еден отсто, со измените се превидува – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 0,95 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ).

Овој предлог практично само ја заобиколува одлуката на Уставниот суд и ја покажува намерата на етаблираните партии да го минираат учеството на независните на изборите. Во јавноста овој предлог во пет до дванаесет е дочекан како срамен, дотолку повеќе што никој не ги ни споменува барањата за изборни реформи од ОБСЕ, кои се избегнуваат со години иако реторички сите се подготвени да ги применат и се прават политички театри за да се сокрие одбивањето да се демократизира изборниот процес во државата и да се зацементира политичкото статус кво кое ја донесе Македонија во мизерија. Изборните измени беа обврска и од реформската агенда за ЕУ.

Со измените се предвидува исто така кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство, да се соберат најмалку 1 000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на ДКП, односно конзуларните канцеларии на образец пропишан од Државната изборна комисија.

Со предложеното законско решение, се дефинираат и интернет порталите согласно Законот за медиуми, а се врши и усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа, ти за пратеници со собрани потписи.

Според предлагачите (група пратеници), со предложното законско решение ќе се обезбеди јасен, транспарентен и инклузивен изборен процес и ќе се надминат воочените недоследности преку зајакнување на правната рамка.

Претходно ДИК на седница во саботата усвои заклучок вон сила да се стави Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик. Како што рече претседателот на ДИК Борис Кондарко, тоа упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи.