
Пратениците во РС усвоија закон со кој се забранува работењето на Судот и Обвинителството на БиХ
Со гласовите на претставниците на владејачката коалиција, предводена од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), беше усвоен Законот за неизвршување на законите и забрана на акти на вонуставни институции на БиХ, со кој се предвидува законите за Судот на БиХ, за Обвинителството на БиХ, СИПА и ВСТС повеќе нема да се применуваат територијата на РС.
Националното собрание на Република Српска (НСРС) синоќа усвои закон со кој се забранува работата на Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина, Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) и на Високиот судски и обвинителски совет на БиХ (ВСТС).
Со гласовите на претставниците на владејачката коалиција, предводена од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), беше усвоен Законот за неизвршување на законите и забрана на акти на вонуставни институции на БиХ, со кој се предвидува законите за Судот на БиХ, за Обвинителството на БиХ, СИПА и ВСТС повеќе нема да се применуваат територијата на РС.
Надлежните институции и тела на РС се должни да ги преземат сите мерки за да се обезбеди спроведување на овој закон, се наведува во неговото образложение, што до Собранието го предложи Владата на РС.
Пратениците на владејачката коалиција, исто така, усвоија закон со кој се основа Висок судски и обвинителски совет на РС (ВСТС), што треба да ги преземе овластувањата на ВСТС на Босна и Херцеговина, односно да ги пропише овластувањата, условите и мандатот за вршење на судските и обвинителските функции, како и за назначување на судиите и јавните обвинители.
Со исто толку гласови беа усвоени измените на Кривичниот законик на РС, според кои ќе одговараат сите функционери на РС кои не ги почитуваат одлуките на ентитетските тела и институциите во органите на БиХ, за што се закануваат затворски казни од шест месеци до пет години, како и забрана за вршење јавна должност.
Собранието на РС вечерва го усвои Законот за посебен регистар и јавност на работата на непрофитните организации кои финансиски или на друг начин им помагаат на странски субјекти, таканаречениот Закон за „странски агенти“.
Цел на законот, како што објаснува Владата на РС како предлагач, е да се објави работата на непрофитните организации, односно да се формира регистар на невладини организации кои се финансираат од странство, како и да се следи нивната политичка активност и политички активности, „кои ги дефинираат како агенти на странско влијание“.
Пратениците од опозициските партии во РС не присуствуваа на гласањето.
Овие закони Владата на РС ги упати во собраниска процедура веднаш по вчерашната пресуда на Судот на БиХ против претседателот на РС Милорад Додик за неспроведување на одлуките на високиот претставник во БиХ.
За време на дискусијата, пратениците од опозициските партии посочија дека законите за Судот и Обвинителството на БиХ, СИПА и ВСТС, кои првично беа наметнати од високиот претставник, подоцна беа законски изгласани во Парламентот на БиХ и дека пратениците на сите партии од РС, вклучително и СНСД на Додик, гласаа за усвојување на тие закони.
Тие го нарекоа „авантуризам“ усвојувањето закони со кои се оспоруваат надлежностите на државните судски институции и СИПА на територијата на РС, што може Република Српска га ја чини нејзината дејтонска позиција.
На собраниската седница присуствуваше и Додик, кој ги повика пратениците да гласаат за овие закони, бидејќи, како што наведе, „ја вршат една од најдобрите национални работи по повеќедецениски изгубени можности“.