Пратеникот Јахоски ја попречува акцијата на МВР за мазутот

Пратеникот Исмаил Јахоски, татко на Асмир Јахоски, еден од осомничените во акцијата за мазут, ја попречува истрагата, дознава ,,Фокус”. Поточно, при полицискиот претрес во неговиот дом тој ги попречувал полициските инспектори и истражители да си ја вршат работата.

Тој одбивал да ги почитува судските наредби за претрес, повикувајќи се на пратеничкиот имунитет.

Големата полициска акција трае уште од вчера.

Она што засега е познато дека сопственикот на нафтената компанија РКМ, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол се приведени во истрага за набавка на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО и електрани.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вчера потврдија дека во тек е акција против компаниите и поединци инволвирани во сомнителната набавка на мазут што го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.

-Попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава. Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати. Подетални информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден, информираа од Обвинителството.