„Христијан Мицкоски е ист како и неговиот ментор, осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски“.
Ова го вели Мартин Костовски, пратеник од владејачката СДСМ.
„И Мицкоски исто како Груевски ВМРО-ДПМНЕ ја гледа единствено како алатка за лично богатење. Мицкоски прв застана во одбрана на криминалот во неговата партија, наместо истиот да го осуди и да се огради од него. Јавноста деновиве слушна како актуелни градоначалници и бизнисмени сведочат дека Мицкоски вршел притисок, упатувал закани за одредени тендери“ вели Костовски.
Тој потенцира дека „Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимската матрица на неговиот претходник“.
„Деструкции, блокади, закани кон градоначалници и бизнисмени, тоа се што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Судски потврдената криминална партија ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски дејствува на штета на граѓаните и сака државата да ја врати назад во режим, сиромаштија и неизвесност. Тоа нема да им успее“ вели тој.