Пратеникот Ковачки повика Обвинителството да се „издига на клоци“
Откако членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР), вчера беа во надзорна посета на АНБ, а денеска на АР, пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ повика обвинителството „да се издига на клоци“.

„После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се издига на клоци. Ценам дека имаме класични прекршувања на Законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение! Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи! Не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапки, а не смее да има и јавно објавување и забава за народ заради легалноста на постапката! Поради природата и сензитивноста на состојбите, имајќи во предвид дека сум обврзан, нема да зборувам повеќе“, напиша Ковачки на Фејсбук.
Членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР), вчера беа во надзорна посета на АНБ, но, како што информираат од Собранието, немале можност за увид во документацијата. Од АНБ се повикале на истрагата на обвинителството за случајот.