Пратеникот Апасиев го опцу претседателот Пендаровски

Пратеникот Димитар Апасиев – претседателот на Левица упати јавен пцост до претседателот на државата, Стево Пендаровски откако вчера беше објавен „модифицираниот“ француски прелдог за започнувањена преговорите за членство на земјава во ЕУ.

„Пендаровски, пи.ка ти матер“ – напиша Апасиев на својот профил на Фејсбук.

Претседателот Пендаровски на Самитот на НАТО изјави дека го видел, како што вели, „модифицираниот“ француски предлог и дека тој е „далеку подобар за нас во споредба со претходниот“.

Од Левица за денеска најавија учество на протестите пред Владата во 19.00 часот, за неприфаќање на францускиот предлог.