
Сомнителен куфер е забележан попладнево пред штабот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, па веднаш биле евакуирани сите вработени.
Од МВР информираа дека денеска во 12:55 часот лице од обезбедувањето на ЈПДП пријавило дека на видео надзор биле забележани две лица кои го разгледувале просторот пред канцелариите, а едно од нив оставило куфер.
Веднаш по добиената пријава, надлежните служби презеле соодветни мерки и активности.
-Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен и не претставува закана по безбедноста – се наведува во полициското соопштение.