Православните христијани го слават Бадник

Православните христијански верници во светот денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник, Рождество Христово – Божик.

Одбележувањето на Бадник во Македонија ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Ќе бидат делени бадникарски гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно.

Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ.

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници.

Семејството на Бадник се собира на заедничка посна трпеза и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Во сите храмови утрото по Бадник се служи празнична Божикна литургија.

Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.