Тимот на Правниот Факултет на УЈИЕ составен од студентите Стефани Стојчевска, Аргона Кучи и Флутура Џемаили под раководство на проф. д-р. Ведије Раткоцери и поддршка од проф. д-р. Аднан Јашари беше учесник на меѓународниот натпревар „Nuremberg Moot Court 2024″ во Германија од 24-27 јули 2024 година.
На овој натпревар учествуваат околу 200 универзитети од целиот свет од кои само 40 од нив се квалификуваа во вербалната фаза, меѓу кои и тимот на УЈИЕ.
Тимот се соочи со универзитетите од Небраска – САД и Техеран – Иран и успешно помине во третата фаза од натпреварувањето, односно се пласираше во најдобрите 16 универзитети кои го продолжија натпреварувањето.
Инаку „Nuremberg Moot Court” се традиционални натпревари организирани во Нирнберг, одржувани во Палатата на Правдата – историската судница 600 каде што се одржуваа судењата на нацистите по Втората светска војна во Нирнбершкиот трибунал.
На овие натпревари, тимовите учесници подготвуваат симулиран меѓународен криминален случај пред Меѓународниот кривичен суд и го застапуваат обвинителството и/или одбраната пред професионалната порота составена главно од судии и обвинители на Меѓународниот кривичен суд и меѓународните трибунали.