Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

На денешната седница на Уставниот суд ќе се дискутира по предметот во кој е оспорен Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година, донесен на 17 август годинава од Државната изборна комисија.

На денешната седница на Уставниот суд ќе се дискутира по предметот во кој е оспорен Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година, донесен на 17 август годинава од Државната изборна комисија.

Подносители на иницијативата до Уставниот суд се Здружението „Светски македонски конгрес” од Скопје застапувано од претседателот Тодор Петров и Стевче Стојанов.

Во иницијативата поднесена од Здружението „Светски македонски конгрес”, подносителот наведува дека со донесување на оспорениот Правилник е напрaвена повреда на Изборниот законик и член 8 став 1 алинеја 3 и 5, членовите 22, 23, 51, 54, 61 и 68 став 1 алинеја 2 од Уставот. Подносителот тврди дека иако изборните рокови се во тек, ДИК постапила надвор од своите овластувања и со подзаконски акт пропишала услови за остварување на избирачко право на граѓаните да учествуваат во вршење на јавни функции.

Во иницијативата поднесена од Стевче Стојанов е наведено дека со оспорениот Правилник се повредени член 8 став 1 алинеја 3, членовите 51, 61 и 68 став 1 елинеја 2 од Уставот. Според наведеното во иницијативата, во точка 4 од Правилникот, Државната изборна комисија уредила норма за поддршка на кандидатска листа за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник поднесени од „група избирачи” која треба да биде потпишана од најмалку двајца избирачи и со тоа уредување, ДИК излегла надвор од законските рамки и се ставила во улога на законодавач.

Правилникот го предложи членот на ДИК, Александар Даштевски повикувајќи се на членот 63 од Изборниот законик кој, како што рече не е укинат, а ја регулира постапката за собирање потписи за предлагање кандидати, иако членот 62 кој се однесува на локалните избори Уставниот суд го укина.