Попладнево се случи пожар во казиното „Адмирал“ во новиот дел на градот Велес. Пожарот се случил околу 18 часот во месноста Багремче.
Полицијата и противпожарните возила уште веднаш излегоа на терен. Во гаснењето се вклучени две возила на ТППЕ од Велес, а местото го обезбедува полицијата.
Како што се првичните настани, кога настанал пожарот во казиното немало луѓе. Освен луѓе, надвор од опасност се и околните објекти и становите во самата зграда.
Медиумите пишуваат дека и покрај тоа што нема опасност, се врши евакуација на жителите од зградата.