По 6 месеци во вселената, кинески астронаути се вратија на Земјата

Мисијата „Шенжу-13“ во која имаше тројца астронаути денеска се врати на Земјата, по 6 месеци поминати во кинеската вселенска станица. Тоа е најдолгиот престој на кинеска екипа во вселената, јави државната телевизијата.

Со ова Кина покажува дека сака да биде во чекор со САД, Европа и Русија.

Со 183 дена престој во вселената, астронаутите го соборија претходниот национален рекорд. Во 2021 година, тие поминаа 92 дена во вселената за време на мисијата „Шенжу-12“.

Во екипажот биле тројца воени пилоти: командант Џаи Џанг (55), неговата колешка Ванг Јапинг (42) и најмладиот Џе Гуангфу (41).