По 25 години брак сопругата на Силвестер Сталоне поднела барање за развод

Џенифер Флавин – сопругата на славниот актер Силвестер Сталоне (76) поднела барање за развод по 25 години брак, пишува „Page Six“.

Гласините за нивната разделба започнале откако актерот ја прекрил тетоважата од својата сопруга на рамото со тетоважа од своето куче кое заедно со него се појавуваше во филмовите за Роки.

Гласините дополнително ги „подгреа“ тоа што Џенифер повеќе не го следи својот сопруг на социјалните мрежи, а тогаш претставниците за медиуми на двајцата актери остро ги демантираа таквите тврдења.

„Тој сакаше да ја освежи тетоважата со ликот на својата сопруга, но сè беше лошо направено, а штетата била непоправлива. Затоа одлучил да ја прекрие со тетоважа од куче. Господинот Сталоне го сака своето семејство и тие моментално заедно снимаат реално шоу кое наскоро ќе биде премиерно прикажано“ – изјави неговиот тим за странските медиуми.

Џенифер минатата недела објави фотографија со нивните ќерки и во описот уште еднаш поттикна шпекулации дека помеѓу неа и нејзиниот сопруг нешто не е во ред.

„Овие девојки се мојот приоритет. Ништо друго не е важно. Ние четири засекогаш“ – напишала таа.

Третиот брак на Сталоне се чинеше дека е еден од најсилните досега во Холивуд, иако нивната романса имаше тежок почеток.

Тие првпат се состанале во 1988 година, кратко по раскинувањето на неговиот краток втор брак со Бриџит Нилсен. Тие се запознале во ресторан во Беверли Хилс кога таа била 20-годишна манекенка, а тој имал проблеми со „Рамбо 3“ – филмот што му ја донесе Златната малина за најлош актер.

Сталоне потоа се пресели кај моделот Џенис Дикинсон, која тврдела дека тој е татко на нејзиното девојче, но ДНК тестовите покажаа дека тој не е таткото. Потоа се сврши со манекенката Енџи Еверхарт, но и тоа пропадна и се врати кај Џенифер.

Сталоне и Џенифер се венчаа на 17 мај 1997 година во луксузниот хотел „Дорчестер“ во Лондон, а со репутацијата на Сталоне како плејбој малкумина предвидеа дека тоа ќе трае долго.

Во бракот добија три ќерки, Софија, која сега има 25 години, Сикстин (24) и Скарлет (20).