
По 20 години, ВМРО-ДПМНЕ со градоначалник во Струмица
„Оваа победа не е само моја, туку победа на сите вас – граѓаните на Струмица“, порача Јанков, ветувајќи четири години посветена и одговорна работа, со целосна отвореност за соработка со граѓаните.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков, прогласи победа на локалните избори во Струмица, нарекувајќи ја „историска“ и посветена на сите граѓани на општината. Во својата објава на „Фејсбук“ Јанков истакна дека народот ја препознал неговата „воља, посветеност и љубов кон Струмица“.
„Оваа победа не е само моја, туку победа на сите вас – граѓаните на Струмица“, порача Јанков, ветувајќи четири години посветена и одговорна работа, со целосна отвореност за соработка со граѓаните.
Тој се претстави како човек со визија, кој работи чесно и искрено, и вети дека секој даден глас ќе биде оправдан со конкретни дела.