По 2 години отсуство од социјалните мрежи, Ана Курникова објави фотографија за паметење

И покрај светската слава што и двајцата ја постигнаа, секој на своето поле, 48-годишниот пејач Енрике Иглесијас и неговата шест години помлада животна партнерка, поранешната тенисерка Ана Курникова, успеаја да го држат својот приватен живот подалеку од очите на јавноста од самиот почеток.

На истото се придржуваат и денес, но сепак има посебни моменти кога навистина сакаат да ја споделат својата среќа со целиот свет.

Ваква ситуација се случи во нивниот дом деновиве, кога во центарот на вниманието беше „главата на семејството“, латино ѕвездата Енрике Иглесијас, кој славеше роденден.

Токму поради роденденот на нејзината љубов, Ана Курникова по две години отсуство се огласи на социјалните мрежи, објавувајќи семејна фотографија која никого не остава рамнодушен.

На неа Ана и Енрике седат во дворот на нивната семејна вила, поранешната тенисерка ги држи во скут близнаците Николас и Луси, додека најмладата Мери е на рамената на пејачот.

Фотографијата е направена пред година или две, бидејќи близнаците сега имаат шест години, а малата Мери четири години.

Добро е познато дека Курникова двете бремености ги држела во најголема тајност. Таа откри дека само неколку дена подоцна родила близнаци, објавувајќи фотографија од породувањето, изненадувајќи ги сите со фактот дека воопшто е бремена, додека бременоста со Мери ја открила неколку недели пред породувањето.

Двојката е во врска од 2001 година, а се запознале на снимањето на спотот за неговата песна „Escape“.