По 15 пат „Црвените чадори“ маршираа во Скопје

По 15 пат „Црвените чадори“ маршираа во Скопје.Маршот е во знак на одбележување на Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.

Маршот се одвиваше на  улица Македонија.Присутните порачаа дека веќе не се скриени во општеството, туку гласно и гордо зборуваат за своите права.

„Првите три години јавните протести на сексуалните работници беа симболични и се одвиваа без присуство на медиумите, што пак се должеше на стравот да излеземе во јавност и јавно да зборуваме за нашите проблеми и потреби. Но, од година во година станувавме се похрабри и погласни во борбата против насилството, стигмата и дискриминацијата и благодарение на медиумската поддршка овие јавни настани добиваа се поголема видливост“, порачаа организаторите на маршот.

Сексуалните работнички бараат поголема безбедност и декриминализација на нивната работа.