Боркица Груевска, сопругата на поранешниот премиер Никола Груевски, поднела барање за развод пред Основниот граѓански суд во Скопје, објави „Фокус“.
„Пред Основниот граѓански суд во Скопје е поднесена тужбата од тужителката Боркица Груевска од Скопје, против тужениот Никола Груевски од Скопје, со непозната адреса, за развод на брак, со вредност на спорот 20 000 денари“, се вели во огласот.
Судскиот оглас е објавен јавно во вчерашниот број на Службен весник, бидејќи Груевски не достапен и нема друг начин да биде информиран тој.
Никола и Боркица Груевски стапија во брак во мај 2007 година и имаат две ќерки, Софија и Анастасија. Претходно, поранешниот премиер беше во брак со докторката Сузана Арбутина.